У нас вы можете посмотреть бесплатно Polneti pecurki | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Со фил од млад кромид, шунка, кулен, пржени сечкани шампињони, рендано сирење, бело вино, сенф и зачини. Ако сте љубител на пикантна храна само додадете парчиња феферонки, ако пак не слободно изоставете ги - вкусот нема да изгуби ништо. Но, со тоа што ќе ги испечете наросени со рендан кашкавал ќе добие многу. Polneti pecurki ПОЛНЕТИ ПЕЧУРКИ за 4 лица 500 г свежи шампињони 50 мл бело вино магдонос 1 лажица сенф 1 лажица црвен пипер 1 лажица мешан зачин К+ 2 врзопа млад кромид 50 г кругови шунка 50 г ленти кулен 50 г сирење 2 конзервирани феферонки 100 г кашкавал ½ лажица лук во прав масло за јадење Хималајска сол Потребно време за подготовка на ова предјадење е 50 – тина минути. На печурките им ги отстрануваме рачките и ги лупиме. Ги длабиме за полнење и ги ставаме во огноотпорен сад. Издлабените делови и рачките од печурките ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако течноста ќе испари посолуваме, и ги додаваме лукот во прав, сенфот, виното, црвениот пипер и мешаниот зачин К+. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Динстаме додека алкохолот не испари и ја тргаме тавата од оган. Младиот кромид ситно го сечкаме и кратко го запржуваме на загреано масло во друга тава на оган. Лентите кулен и круговите шунка ги сечкаме на ситни коцки, и ги додаваме во тавата. Потоа ситно ги сечкаме феферонките, па и нив ги додаваме во тавата. На крајот ги додаваме испржените сечкани шампињони, промешуваме и ја тргаме тавата од оган. На крупната страна од рендето во тавата го рендаме сирењето и го промешуваме филот со лажица. Ги полниме шампињоните во огноотпорниот сад. На крупната страна од рендето на чинија го рендаме кашкавалот. Го нанесуваме на полнетите печурки и попрскуваме со масло. Садот го ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. На чинија за сервирање ставаме од Полнетите печурки и со лажица ги преливаме со сосот од огноотпорниот сад. Декорираме со листови магдонос. Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. Hrana i Vino MKD Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino