У нас вы можете посмотреть бесплатно AMANET OD STARITE Angel Petkovski или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Аманет на старите е краткометражен документарец ,посветен на старите занаети кој се во изумирање и потик на младите да се вратат во родните места .Ангел Петковски е еден од младите кој се труди да ги зачува тие занаети , неговите вредни раце како аманет ја продолжуваат таа традиција. Селото Вирово се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 840 м. Од општинското средиште градот Демир Хисар, селото е оддалечено 18 километри. Атарот зафаќа простор од 17,5 км². Вирово е занаетчиско село во кое селаните се занимавале со валајчарство како главно занимање. (Со занаетот во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век доживува подем и постанува едно од најбогатите села во Демир Хисар. Најзнаменит дел од Вирово се валавиците (за валање на рачно ткаено платно - сајак) и вировите (за валање на веленца - јамболии). Нив ги имало осумдесетина, а денес останата е една валавица т.е. валавицата на познатата валајчарска фамилија на Велјан Штрковски. Валавиците потекнуваат уште од античко време Исто така, во селото се забележува и постоење на ќумурџилница, т.н. „рупи“ за создавање на ќумур. Првото училиште се споменува дека било создадено уште во 1873 година. Многу интересен е фактот поврзан со ова село за време на Илинденското востание. Пред 2ри август четите се собрале во Вировската рудина кај чешмата Еврејка и од таму се упатиле за Смилево кога и го ослободиле. Во Вирово тогаш биле изработени неколку црешови топчиња кои биле употребени за време на востанието. Во Вирово била и работилницата - леарница за изработка на бомби и куршуми. Во Вирово, како и во повеќето околни села поради емиграцијата на населението бројот на жители е драстично намален. Така, во 1953 година селото броело 630 жител, во 1994 година 217, во 2002 имало 151 а денес околу 40-50 постојани жители.