У нас вы можете посмотреть бесплатно Нов модерен воз пуштен во сообраќај или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Македонија добива најмодерни возови. Денес беше пуштен во сообраќај првиот нов електромоторен воз на Македонски железници АД Транспорт, набавен од Кина. Новиот воз е со капацитет за 200 патници и ќе сообраќа на пругите каде што има електрично напојување. Возот е со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети. По промоцијата на скопската Железничка станица, возот се упати кон Велес, а меѓу првите патници кои се возеа беше и премиерот Груевски, владини министри и медиумски екипи. Премиерот најави дека ќе пристигнат уште пет нови возови, капитална инвестиција од околу 25 милиони евра која е остварена со финансиска конструкција овозможена од Европската банка за обнова и развој. Мисајловски истакна дека Новиот воз е изработен согласно сите стандарди на ЕУ, а до крајот на годината се очекува да пристигне уште еден електромоторен воз, а во првиот квартал следната година четири воза на дизел погон. Ставрески рече дека ова е само дел од големиот инвестициски циклус во железницата. Инвестицијата за набавката изнесува 25 милиони евра, средства обезбедени од ЕУ и Буџетот на Р.М.