У нас вы можете посмотреть бесплатно КРЕФ 2019 * Промотивен школски спот 2019 * Мултиетничко училиште или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
1. Ментор: Марија Пупиноска Гогова - наставник по информатика Снимател: Morgan Downs - волонтер Наставници соработници: Лизана Зиба, Борис Лушески, Ајнет Пашо, Јулиана Алексиоска, Ермира Хиса, Мебахат Ќоку, Бурим Хидри. Учесници: мултиетничка групи ученици од одделенска и предметна настава. 2. Училиште: ОУ"Братство Единство"-Охрид, Р. Сеерна Македонија 3. Категорија: КРЕФ Промотивен школски спот 2019 4, Опис на активноста:Промотивниот школски спот ги прикажува просторните услови на ОУ”Братство Единство”-Охрид во кои заедно учат и другаруваат голем број ученици од различни националности, кои ја следат наставата на три јазици: македонски, турски и албански. Низ училишните простории Ве водат учениците: Јоана, Бурак, Мендувие и Еди, кои ќе Ви презентираат различни активности, и по својата цел и по својата содржина. Во спотот се опфатени ученици од сите наставни јазици групирани во балансирани групи по етнички состав. Во рамките на редовната настава прикажан е интегриран час по информатика во кабинетот по информатика, на кој учениците креираат илустриран документ во Word, играат игри за запознавање или кохезија на групата, а поврзани со различните наставни предмети. На редовниот одделенски час прикажан е демократски избор на претставници за во ученичката заедница, со поддеднаква застапеност на ученици од различните етникуми. Во однос на иконографијата во училиштето, може да се забележи дека на огласните табли во ходниците на училиштето се поставуваат известувања и соопштенија на трите наставни јазици, во печатена форма или преку QR кодови. Во училиштето функционираат повеќе мултиетнички секции како вон наставни активности. Во дворот на училиштето прикажани се активности од секцијата “Игри на бетон”, каде се исцртани различни едукативни и друштвени игри. Во школскиот зелен парк, прикажани е системот за собирање на дождовница, направен од страна на учениците и истиот го користат за наводнување на зеленилото во паркот. Училишниот хол во училиштето е уреден од страна на учениците кои со рециклирачки отпад имаат изработено најразлични ѕидни апликации, со техниката Мурал имаат нацртано орнаменти и испишани содржини од познати писатели за деца. Во спортската сала покрај редовните часови, се изведуваат приредби и прослави по различни поводи, на кои се изведуваат точки преку кои се отсликува заедничкиот живот и меѓусебното почитување на учениците од различни етнички заедници. Во англискиот центар во училиштето, во амфитеатралниот дел работи мултиетничкиот хор, кој е единствен во градот Охрид по својот состав и по својот репертуар, но познат и по своите одлични настапи ширум целата држава. Во текот на годината редовно се реализираат предвидените екскурзии низ нашата држава и се посетуваат објекти, музеи, институции, културно – историски споменици и природни реткости, за кои Еди, Јоана, Мендувие и Бурак евоцираат спомени преку фотографии, прикажани на крај на нашиот спот. Овај школски промотивен спот не само што ги презентира нашите просторни услови, туку и ја прикажува ведрата насмевка на учениците кои учат во него и несебично се вклучуваат во сите активности, кои се заслужни ОУ”Братство Единство”, Охрид да го добие епитетот Модел училиште во Р. Северна Македонија.