У нас вы можете посмотреть бесплатно Прва акатистна пофалба за Мајката Божја (2026) или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Првата статија на Акатистот – под покровот на Мајката Божја Кога во петочната предвечерна тишина на Бигорскиот храм стивна последниот одглас на покајничкиот Чист петок, едно друго пение го зазеде неговото место – посвечено, посвежо, полно со чиста благодарност и синовска доверба. Браќата и верните се исправија достоинствено на нозе, зашто Акатистот токму тоа и означува – неседење, право стоење – и не само телесно, туку и со целата душа исправена кон Онаа на која со радост и благодарност ѝ пееме. Нашиот мил Старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, ја возгласи првата статија со длабоко умиление, како син што ги упатува благодарностите кон мајката своја – со глас што трепери од љубов, како дете што по долго отсуство најпосле ја наоѓа мајчината прегратка и не престанува да се радува. Оти Акатистот е токму тоа: прегратка на душата со Мајката Божја, прелевање на срцето кое не може да не ја изрази љубовта своја. Прва попатна станица во светата Четириесетница под закрилата на Мајката Божја.