У нас вы можете посмотреть бесплатно "Lazarice" - filmuvana rekonstrukcija или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Традиционална култура ЛАЗАРИЦЕ Реконструкција на женски обредни поворки од етничкиот предел Долни Полог Несомнено, во обичаите и обредите е накалемена традицијата како највистиниот одраз на еден народ и едно време. Раскошен и богат е македонскиот традиционален мозаик, а секое парче од него ја носи најживата слика за секој македонски регион одделно како значаен белег на регионалниот идентитет. Во потполност, овој видеоматеријал нѐ носи во етничкиот предел Долни Полог, задржувајќи се на обредите поврзани со празникот Лазарова сабота и нивната практика во минатото. Реконструкцијата на обредно-обичаен циклус значи оживување на едно време и вдахнување живот во еден народ кој говори за себе преку традицијата која ја создал. Оваа екранизирана реконструкција дава приказ на лазарските обредни поворки изведувани од страна на млади немажени девојки кои, одејќи од куќа на куќа, пеат наменски песни за секој член од семејството. Дополнително, екранизирани се и останатите делови од традиционалната култура на гореспоменатото население, а се однесуваат на традиционалната носија, ора, инструменти и дијалект. За сегашната состојба може да се наведе дека во селата во етничкиот предел Долни Полог, лазариците и денес се дел од живата обредно-пеачка традиција, но во рудиментирана форма. Проект поддржан од Министерство за култура Автор на проектот: Бојан Петковски Скопје, 2018 година