У нас вы можете посмотреть бесплатно Telesko polneto so zelencuk | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Или телешко полнето со суви вргањи, омекнат леб, јајце, зачински билки и лешници. Е, токму тие иако последни се и најважните. Во комбинација со белото вино и зачинските билки навистина му даваат посебен шмек на телешкото. Telesko polneto so zelencuk ТЕЛЕШКО ПОЛНЕТО СО ЗЕЛЕНЧУК за 4 лица 800 г телешка кртина 80 г дробени лешници 50 г сув вргањ 2 кришки леб 1 јајце 2 гранчиња рузмарин 1 чешне лук ½ лажица сува жалфија 200 мл бело вино масло за јадење Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова јадење е 2 часа и 15 минути. Во садот со печурките налеваме вода и оставаме да омекнат. Омекнатите печурки ги ставаме во цедалка и ги плакнеме со студена вода. Исцедените печурки ситно ги сечкаме и ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме жалфијата и дробените лешници. Листовите рузмарин ги кинеме од гранчињата, ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот. Со алатка го гмечиме чешнето лук, па и него го додаваме во садот. Средината од кришките леб ја кинеме на парчиња, ја ставаме во длабока чинија и ја преливаме со вода. Омекнатиот леб го притискаме со раце, ја истиснуваме водата и го додаваме во садот со преостанатите состојки. Јајцето го кршиме и го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го мешаме филот со лажица. Телешката кртина ја засекуваме на повеќе места за да добиеме рамна површина за ролување. Ја посолуваме и ја наросуваме со мелен црн пипер. Врз месото го нанесуваме филот, виткаме ролат и го зацврстуваме со готварски конец. Го ставаме во керамичка тава, намрсена со масло, па и ролатот го попрскуваме со масло. Потоа го преливаме со виното, ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 2 часа на 180 степени. Ја вадиме тавата од рерна, ролатот го вадиме од тавата и го отстрануваме конецот. Го сечеме ролатот на парчиња. На чинија за сервирање нанесуваме претходно обарен мешан зеленчук. Сервираме две парчиња полнето телешко и декорираме со гранчиња рузмарин. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени. Добар апетит Hrana i Vino MKD Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino