У нас вы можете посмотреть бесплатно Бела Мусака со Пилешко и Печурки или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Денес со задволство ќе ви го презентирам мојот рецепт за бела мусака со пилешко и печурки. Ова е една вкусна и интересна комбинација на вкусови, која освен тоа што се приготвува супер брзо и лесно сигурен сум дека и ќе стане Вашиот омилен ручек или вечера. Потребни состојки: 1 кг пилешки стек 1 лажичка мешан сув зеленчук Мелен црн пипер по вкус За бешамел сосот: 1 кромид, ситно исечкан 2 лажици маслиново масло 1 лажица путер 500 г свежи шампињони, исечкани 2-3 чешниња лук, ситно исечкани 2 лажици брашно 1 лажичка сенф 1 лажичка суво оригано 500 мл млеко 200 г рендан кашкавал Најпрво во тенџере со вода ставете го пилешкото бело месо да се свари заедно со мешаниот сув зеленчук и мелениот бибер. Гответе околу 15-20 минути откако водата ќе започне да врие. Во меѓувреме, ситно исечкајте го кромидот и во тава на оган загрејте ги маслиновото масло и путерот. Започнете да го пржите кромидот, а веднаш потоа додајте ги и ситно исечканите шампињони. Додајте го и ситно исечканиот лук и гответе околу 5-7 минути додека целата смеса не спласне. Во неа додадете ги сенфот, ориганото и брашното. Зачинете со мешан сув зеленчук и промешајте. Потоа полека ставете го млекото и внимателно мешајте со помош на шпатула или дрвена лажица додека не добиете убав и густ сос. Свареното пилешко бело месо исечкајте го на мали коцки и додајте го во смесата со печурки и бел сос. Промешајте и целата смеса префрлете ја во огноотпорно тавче добро премачкано со масло за јадење или путер. На крај наросете од ренданиот кашкавал и по желба наросете малку суво оригано или сува мајчина душичка. Печете во загреана рерна на 170 степени околу 25-30 минути или додека кашкавалот не се растопи и не добие убава златна боја. Оставете 10-15 минути да се излади, а потоа сервирајте. Мусаката со пилешко и печурки можете да ја послужите со обарен зеленчук, а воедно и со печен компир. Превкусна е во било која комбинација. Од вас очекувам да ја испробате што поскоро и да ми испратите фотографија од Вашата верзија. Не заборавајте да кликнете Сабскрајб за многу повеќе видео рецепти во иднина. Забавно готвење!