У нас вы можете посмотреть бесплатно Pileski stek vo tava | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
ПИЛЕШКИ СТЕК ВО ТАВА за 4 лица 1 кг пилешки стек 400 г свежи шампињони 200 мл кисела павлака 100 г кашкавал 100 г црни маслинки без семки 100 г путер 2 лажици брашно 2 лажици мешан зачин К+ Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова јадење е 70– минути. Пилешкиот стек го сечкаме на тенки шницли и ги наросуваме со 1/3 од мешаниот зачин К+. Ги толчиме шницлите со чук и ги пржиме на 50 г растопен путер во тава на оган. Откако ќе се запржат од двете страни ги вадиме од тавата и ги ставаме во огноотпорен сад. Во тенџере со зовриена вода на оган додаваме мешан зачин. Шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги пржиме на преостанатиот растопен путер во тавата на оган. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме преостанатиот мешан зачин. Маслинките ги сечкаме на полукругови и ги додаваме во тавата. Во тавата со испржените шампињони го додаваме брашното и мешаме со лажица. Откако брашното ќе се испржи во тавата ја додаваме супата од мешан зачин. Потоа содржината од тавата ја нанесуваме во огноотпорниот сад. Кашкавалот го сечкаме на тенки парчиња и ги редиме во садот. Ја додаваме и киселата павлака и го ставаме садот во рерна. Печеме 45 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. На чинија за сервирање ставаме претходно издинстани мали главички кромид. Потоа на чинијата сервираме од Пилешкиот стек во тава. Преливаме со сосот од огноотпорниот сад и декорираме со гранчиња магдонос. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. Овој рецепт се наоѓа во списанието Храна и вино бр. 150, од Март 2017 год. www.hranaivino.com.mk www.hranaivino.tv Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino