У нас вы можете посмотреть бесплатно Двокатните автобуси се нов хит во Скопје или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
"Скопје полека, но сигурно станува вистинска метропола.По големиот број проширени, реконструирани и новоизградени улици и булевари, новите автобуси кои веќе од денес сообраќаат по улиците дополнително го красат Скопје.Низ градот во моментов сообраќаат 68 двокатни автобуси, еден панорамски автобус за разгледување и 80 нископодни автобуси. Со тоа во моментов низ скопските улици сообрааат 147 автобуси, што всушност претставува нешто помалку од 50 проценти од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие, нагласи Николов.Новите автобуси без исклучок сообраќаат по сите градски линии. Граѓаните задоволни од двокатните автобуси и условите кои им се нудат, велат вакво нешто одамна му недостасувало и му било потребно на градот.Услугата значително подобрена, задоволството на граѓаните очигледно. Но, директорот на ЈСП најавува новитети и уште нови автобуси со цел целосна замена на возниот парк на претпријатието.До крајот на оваа година очекуваме 16 нови минибуси, со 40 места (20 за седење и 20 за стоење), кои ги користиме за руралните делови на градот, истите ќе бидат од голема корист за нас, бидејќи во моментов имаме минибуси кои се стари. Следната година очекуваме дополнителни 67 двокатни автобуси и 16 панорамски автобуси кои ќе бидат користени во градските линии, но исто така и за панорамките разгледувања на градот. Во 2013 година очекуваме дополнителни 67 автобуси со то вкупната бројка ќе достигне околу 300 автобуси, колку што и во моментов изнесува нашата флота, посочи директорот на ЈСП.Утре по повод државниот празник „8 Септември - Денот на независност на Република Македонија" превозот за сите корисници на услугите на ЈСП ќе биде бесплатен. "