У нас вы можете посмотреть бесплатно Великаните на македонската ракометна историја или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Пепи Манасков, Царчев, Диви, Аце Станковски, Иве Марковски, Ангеловски, Стоилов, Лазаров, Ванчо Димовски, Миркуловски, Ѓоргоновски, Раде Стојановиќ, Мајнов...Марјан и Драган Начевски, Ристо Магдинчев, Вујовиќ и Червар и сите останати што се појавија на ревијалниот натпревар по повод роденденот на Спортското радио 90,3 FM се великаните кои ја напишаа македонската ракометна историја. Тие го кршеа мразот на меѓународна сцена, тие ги поставија темелите на модерниот македонски ракомет. Различни по возраст, по карактер, по лик, но единствени по храброста и големото срце кога ќе го облечеа националниот дрес. Овие ракометни господа се македонските јунаци кои ни носеа радост, емоција, солзи радосници, среќа, тага и многу непроспиени ноќи. Денес, после толку изминати години, оживеаја спомените, проработија чувствата, се стегнаа градите, се насолзија очите. Сеќавањата на минатото разбудија убаво чувство на гордост, на единство, на ракометна моќ на која низ годините се градеше македонскиот национален тим. Да ги почитуваме ракометните великани, да се сеќаваме на нивниот придонес бидејќи без нив денес ракометот немаше да биде спорт број 1 во Македонија. Еднаква благодарност и до сите останати кои не ги видовме на овој натпревар, почит до оние кои не се повеќе меѓу нас, а се исто така дел од ракометната историја. Благодариме на Спортско радио што ни го овозможи моментот на кој ќе се сеќаваме до крајот на животот.