У нас вы можете посмотреть бесплатно Директорите на Усје тврдат фабриката не загадува Азески: Спремни сме на дијалог без радикални мерки или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Директорите на „Усје“ тврдат дека фабриката не загадува – Азески: Спремни сме на дијалог без радикални мерки Цементарница Усје не е причина за загадувањето во Скопје и нема основ за дислокација на фабриката – смета менаџментот на компанијата. Од таму велат дека работат по највисоките европски стандарди и се под 24-часовен мониторинг, кој покажува дека тие не се причинител за загадувањето. Велат и во период кога фабриката не работи поради ремонт на печките, загадувањето во Скопје е енормно. Денеска со поддршка на најголемата комора во земјава и првиот човек Бранко Азески, ги кажаа нивните аргументи. „Голем број студии кои се сериозно направени, прават анализа на самите честички кои ги има во амбиентниот воздух, укажуваат за нивното потекло. Ниедна од нив не укажува дека индустријата е доминантниот фактор. Од друга страна Усје има 24-часовен мониторинг кој мери секоја секунда на секој оџак од производниот процес на фабриката. Сите тие мерења укажуваат дека компанијата целосно работи со националното законодавство со европските директиви и во никој случај не е главниот причинител за загадувањето“, вели Гоце Цветковски. „Работењето на компанијата е под 24-часовен независен мониторинг и е носител на А-интегрирана дозвола“, вели Константинос Николау. Првиот човек на Стопанската комора Азески повика на дијалог. Ние сме спремни да помогнеме во тој процес, без радикални мерки рече Азески. „Многу прашања кај нас имаат суштествено значење за понатамошниот развој на државата. Но она што мора да се знае, треба да се врвните приоритети кои што мора да се испочитуваат, заштита на населението, максимални услови за стварање профит на економијата и подигнување на нивото на животниот стандард на граѓаните. Ако некој не е способен тоа да го направи, ако некој не може да ги достигне тие дострели, тогаш нормално луѓето си го поставуваат прашањето за капацитетот“, вели Бранко Азески. На последниот протест пред УСЈЕ граѓаните предводени од иницијативата „Стоп за Усје“ дадоа жолт картон на фабриката. Доколку фабриката не се дислоцира, не се воспостави 24-часовен мониторинг и нема институционална реакција,најавија дека ќе ги радикализираат протестите. Нивните барања се испратени до повеќе од десет институции, со барање за брза реакција. На почетокот на јануари, на седница на Град Скопје беше прифатена иницијативата за дислокација на фабриката, но сега се е во рацете на Владата. Автор: Александра Филиповска 23/01/2026 20:07