У нас вы можете посмотреть бесплатно Brooka Do pregje full Album или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Почитувани пријатели, медиуми и фанови, конечно по долги 4 години од започнување на нашата авантура наречена Брука, со радост и гордост имате можност да го слушнете 35 минутниот деби албум со 10 композиции, како и да го купите Цд-то промотивно за само 100денари. во 2019. Музиката е на јадрото на бендот : Дарко Масларковски(вокал), Жарко Масларковски(вокал), Лубиша Симоновски(тапани), Александар Савовски(гитара), Валентин Видовиќ(алт и тенор сакс), Зоран Велковски(бас гитара). Аранжманите се на бендот, додека текстовите ги потпишуваат Дарко и Жарко. Албумот е сниман во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски – Штраф, кој се потпишува како Продуцент, како и микс и мастер на композициите. Алшар започнува и со издавачка дејност па природно ова издание е 001 во многуте изданија кои следат Во албумот ќе слушнете весели мелодии, реге грув, хумористични и саркастични лирики со широка тематика која го опишува и исмева животот и ситуации типични за Македонија. Во снимањето на албумот освен јадрото учество земаа и : Антонио Насевски(Канон, Црногорска филхармонија) - клавијатури, Димитрија Митровски (Пука Козметика) - диџеј, Маријан Петровски (Стил Темпл) на бас гитара, Бранко Илиевски(Суперхикс, Македонска филхармонија) на тромбон, Александар Илиевски – Шајо(Конкверинг Лајон, Градски оркерстар) на труба, Арсо Јаневски – Раста(Тумбао Салас Бенд) на перкусии. Брука досега има свирено на многу познати и признати фестивали, манифестации и забави, а би ги издвоиле : Пиволенд, Демофест – Бања Лука, Д Фестивал, МАН- македонски алтернативни награди, Боб Марли Б-ДЕЈ, Плоштад Прилеп (новогодишна забава), Лузер фест и многу други. Во гаража веќе се работи на следниот албум за кој се надеваме да не чекаме повторно 4 години и да илзеле во 2019 година. ЏА БЛЕС Позитивни вибрации