У нас вы можете посмотреть бесплатно Pita so pilesko | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
ПИTA СО ПИЛЕШКО Со кисело млеко и тарана, или поинаку кажано Пита која едноставно вреди да се проба. Дали ќе и одолеете оставаме на Вас. ПИТА СО ПИЛЕШКО Pita so pilesko за 4 лица 350 г кори за пита 1 помало пиле 200 г тарана 60 г путер 500 г кисело млеко масло за јадење Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова предјадење е 100 – тина минути. Пилето го сечеме на парчиња, им ги отстрануваме коските и ги ставаме парчињата месо во тенџере со зовриена вода на оган. Откако месото ќе се свари го тргаме тенџерето од оган. Ги вадиме парчињата пилешко од тенџерето, ситно ги сечкаме и ги ставаме во длабок сад. Зовриената вода во друго тенџере на оган ја посолуваме и додаваме масло. Во водата ја вариме тараната, ја цедиме во цедалка и ја ставаме во друг длабок сад. Во тава на оган топиме половина од путерот. Ја додаваме тараната, промешуваме и ја тргаме тавата од оган. Во друга тава на оган го ставаме преостанатиот путер и додаваме масло. Откако путерот ќе се растопи ја тргаме тавата од оган. Со готварска четка со мрснотијата ја премачкуваме правоаголната тава бр 32. Во тавата ставаме една кора и ја свиткуваме во големина на тавата. Со четката ја премачкуваме кората со мешавината од путер и масло. Ставаме втора кора и ја премачкуваме со мрснотија. Врз неа ставаме трета кора и ја премачкуваме. Нанесуваме од сечканото пилешко месо и од тараната. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Истата постапка ја повторуваме три пати. Врз последниот слој фил ја ставаме последната кора и ја попрскуваме со преостанатата мешавина од путер и масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 225 степени и ја вадиме од рерна. Киселото млеко го мешаме со лажица и ја премачкуваме питата. Потоа со црпалка ја преливаме со супата од пилето и ја враќаме тавата во рерна. Откако питата ќе ја впие супата и ќе се допече ја вадиме тавата од рерна. Ја сечеме питата на парчиња. Неколку парчиња ставаме на чинија за сервирање. Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino