У нас вы можете посмотреть бесплатно ЅВЕГОРСКА СУРОВА 2019 - DZVEGORSKA SUROVA 2019 или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
14.01.2019 г. Приградско село ЅВЕГОР (Општина Делчево). ЅВЕГОР е речиси споено со градот ДЕЛЧЕВО.Се наоѓа на 650 м.н.в. на падините на планината ВЛАИНА,низ кое поминува меѓународниот пат А3 кој води до Р.Бугарија. ЅВЕГОР со речиси 400 домаќинства, моментално е најголемо село во ПИЈАНЕЧКИОТ РЕГИОН (Општина Делчево,Општина М.Каменица и дел од општините Пехчево и Виница). ЅВЕГОРСКА СУРОВА…СУРОВААААА,СУРОВААА,СУРОВАААА....ОТКРИВАЊЕ НА НЕВЕСТАТА. народен обичај во ПИЈАНЕЧКИОТкрај (ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО).кој денес пред голем број на граѓани од Општина Делчево како и од Р.Бугарија се организираше во село ЅВЕГОР (Општина Делчево). СУРОВА значи зелена, здрава нова година.СУРОВА има значење да го истера лошото,односно злото од претходната година. Ѕвегорската сурова е вековна традиција (постара од 120 години) и живо наследство кое жителите на село ЅВЕГОР самоиницијативно ја продолжуваат и ја одржуваат почитувајќи ја традицијата оставена од нивните предци. Обичајот се одвива преку носењето маски, познат под името „СУРОВА“. Овој обичај е невообичаена процесија на културното наследство, кој води потекло од село Ѕвегор. СТАРА НОВА ГОДИНА е вториот голем празничен ден на жителите на Ѕвегор. Пијанечкиот (Делчевскиот) обичај во ова погранично село важи за еден од најстарите обичаи. Обичајот се изведува дење. Почнува на 13 јануари со гонење на кучињата, потоа момчињата со себе носат уште една посебно направена удиралка наречена „СУРОВАСКА“, со која се „УДИРААТ“ девојките, а завршува со голем карневал и заедничка гозба. Традиционално обичајот СУРОВА се изведува на 14 јануари (на СВ.ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ), НОВА ГОДИНА по ЈУЛИЈАНСКИОТ КАЛЕНДАР. По традиција сите учесници се машки, а всушност тие со своите маски прикажуваат свадба. Присутна е и „НЕВЕСТАТА“, која е облечена во невестинска облека и прекриена со бел дувак. Покрај „НЕВЕСТАТА“ е и „МЛАДОЖЕНЕЦОТ“, а нив ги следат тројца БЕЛАЦИ, кои се облечени во бела облека и носат голем дрвен нож (сабја) познат како КАЛ'ЧКА. Неизбежен е „ПОПОТ“, кој вообичаено е облечен како свештеник, во рацете носи дрвен крст и кадилница. Следуваат „МЕЧКАТА“, која има ѕвонец и „МЕЧКАРОТ“ кој ја води со јаже. Учесници се и „МАЈМУНКАТА“ и нејзиниот „МАЈМУНЏИЈА“, „ДАНОКЧИЈАТА“, „ШЕИКОТ“, „РОМИТЕ“ и „РОМКИТЕ“ облечени во стара изветвена облека и исцрнети со саѓи во лицата. Сите учесници во карневалот се познати под името СУРОВАСКАРИ, кои заедно со нивниот одговорен БЕЛАК водат посебна грижа ниедно семејство да не биде прескокнато. Се мисли дека тие носат среќа, радост и напредок во секое домаќинство. Како дел од народната традиција која се негува во селото Ѕвегор на празникот Свети Василиј секој жител станува рано и в раце зема метални пари и ги растресува за да се слушне нивното ѕвонење, со цел новата година да биде богата. Потоа се изведуваат уште неколку обичаи карактеристични за овој голем ден, проследени со желба за радосен живот на жителите на Ѕвегор. ПСК ГОЛАК ДЕЛЧЕВО !!!