У нас вы можете посмотреть бесплатно Polneto pile so sos | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Е, ова е за оние кои не сакаат ниту мисирка ниту патка, а згора на тоа не сакаат ни да експериментираат. Значи сигурно си е сигурно, а богами пилето е и поевтино и го има во сите маркети. Со убав фил и уште поубав сос ќе го личи и на делнична и на празнична трпеза. Polneto pile so sos ПОЛНЕТО ПИЛЕ СО СОС за 4 лица 1 пиле 150 г варен, лупен компир 100 г кромид 100 г ленти чадена сланина 100 г кругови шунка 70 г морков 50 г корен од целер 200 мл кисела павлака 200 мл доматен сос 100 мл бело вино 50 г лебни трошки 1 јајце магдонос 2 чешниња лук масло за јадење Хималајска сол Потребно време за подготовка на ова јадење е 90 – тина минути. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Морковот, коренот од целер и лентите сланина ги сечкаме на коцки, а едно чешне лук ситно сечкаме. Ги додаваме парчињата зеленчук и сланина во тавата со омекнатиот кромид. Откако ќе се запржат ситно сечкаме половина од магдоносот и го додаваме во тавата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме и ја тргаме тавата од оган. Круговите шунка ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тавата. Потоа ги додаваме лебните трошки и јајцето, и го промешуваме филот со лажица. Пилето го посолуваме од внатрешната и надворешната страна, и го полниме со филот. Му ги врзуваме нозете со готварски конец и го ставаме во керамичка тава, намрсена со масло. Пилето го попрскуваме со масло и во тавата додаваме 100 мл вода. Ја ставаме во рерна и печеме 60 минути на 220 степени. Ја вадиме тавата од рерна и на пилето му го отстрануваме конецот со кој беше зацврстено. Го сечеме пилето на половина. Преостанатото чешне лук ситно го сечкаме и го запржуваме на загреано масло во друга тава на оган. Ги додаваме доматниот сос и виното. Со алатка за пире го гмечиме варениот компир и го додаваме во тавата. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган. Ја додаваме киселата павлака. Преостанатиот магдонос ситно го сечкаме, го додаваме во тавата и го промешуваме сосот со жица. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови рукола. Ги сервираме половинките полнето пиле и преливаме со сосот. Декорираме со половинки ротквички и кругови лимон. Hrana i Vino MKD Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino