У нас вы можете посмотреть бесплатно “Трница е мојот сон“ - филм за село трница или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Трница — месност во областа Горна Река на самиот пат Маврово - Дебар, која во минатото била село. Денес во месноста Трница се наоѓа познатиот мотел „Кораб“ препознатлив по своето јадење (традиционално за цела област) — качамакот и споменикот на паднатите борци од НОБ од овој крај. Кон крајот на 1990тите години веднаш над мотелот по патот за селата Волковија и Беличица била подигната црквата Свети Никола[1]. Оваа месност е позната и по прочуеното Трничко сирење кое се произведува во задругата „Габрово“ во погоните сместени во месноста викана "Торбешки мост", одалечена 18 километри од Трница. Трница се наоѓа на самиот пат Маврово — Дебар, веднаш на левиот брег на реката Радика. Месноста (мотелот и споменикот на борците од НОБ и народниот херој од тој крај Живко Брајковски) е сместена во стрмен дол, подножје на планината Бистра. Од Трница се двои патот кон селата Беличица и Волковија. Месноста Трница е сместена на 1.020 метри надморска височина. Во минатото Трница била село населено исклучиво со Албанци - Качаци, кои често правеле зулуми и ограбувале коли и патници кои се движеле кон Дебар или Маврово. Поради честите грабежи и на блиските села Волковија и Беличица, жителите (Македонци) од двете села се собрале и ги истерале жителите на Трница. За време на српската окупација на Македонија во 1913 година, во Трница била сместена српската жандармерија и биле изградени куќи за српските жандарми и учители. По Втората светска војна во Трница е изграден познатиот мотел „Трница“ и е подигнат споменик посветен на загинатите жители и партизани во Масакрот во Беличица, како и на другите паднати борци за слободата на Македонија од овој крај.