У нас вы можете посмотреть бесплатно 24 Отворено: Што направи Канческа - Милевска, а што ќе работи Алаѓозовски? или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Прво соочување на министри од стариот и новиот владин состав во емисијата 24 Отворено. Културата, театрите, новите градби и барокот. За промоција на европски стандарди или за раскол во општеството? Што направи Канческа-Милевска, а што ќе создаде Алаѓозовски? Културата како поле за идентитетски белег на македонското општество. Како до помирување? Во студиото на 24 Отворено на оваа тема дебатираа екс министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, новиот министер Роберт Алаѓозовски, директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски и актерот Висар Вишка. Новиот министер за култура најави дека ќе направи темелна ревизија на сите проекти и дека ќе ги преиспитаат и стават на увид на јавноста штетите од аспект на културното наследство и јавниот простор. Поранешната министерка Канческа-Милевска рече дека проектот "Скопје 2014" не може да се идентификува со Министерството за култура. „Немам одбиено ниедна дебата, имало отчетност на резултатите“, рече Канческа - Милевска. Според актерот Висар Вишка, актерите се наоѓаат на дното како академски граѓани според платите. „Не играм во Македонија поради самоцензурата и општата политичко-фашистичка реторика на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тука имаме одлични актери, но ставени во погрешно руво што и нив ги уништува како актери. Во Холивуд вредиш и како актер, режисер и продуцент, колку што вреди твојот последен филм, а кај нас тоа не важи“, рече Вишка. Од друга страна директорот на Драмскиот театар, Роберт Вељановски вели дека во театарот не се бираат актери според политичка определба. „Сум учествувал на протестите на иницијативата "За заедничка Македонија", но во театарот не се бираат актери според политичка определба. Јас ниту ќе бидам вечен директор на Драмски театар, ниту Драмски започнал и ќе заврши со Вељановски“, рече тој. Гледајте ја репризата на 24 Отворено во недела во 10 часот Вашите прашања и коментари поставувајте ги со користење на #Отворено и #24Вести.