У нас вы можете посмотреть бесплатно КИНИСА ДА ОДА О В'МБЕЛ НА ГОСТИ - МАКЕДОНИЈА или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
В'мбел е поранешно село во Егејскиот дел на Македонија, Костурско. Селото се наоѓа на 2 километри северозападно од с. Смрдеш, на 54 километри југозападно од градот Лерин и на 40 километри северозападно од градот Костур во подножјето на планината Корбец и врвот Козич во областа Корешта. Селото се споменува за прв пат во османски тефтер од 1530 година под името Вимбил со 84 семејства. Во XIX век В'мбел е чисто македонско село. Црквата „Свети Димитар“ е од 1871 година. Веднаш по Граѓанската Војна во Грција во опустошеното село дошол митрополитот костурски со двајца полицајци и ги земал со себе старите вредни икони од црквата. По неколку години митрополитот загинува во сообраќајна незгода, едниот од полицајците се самоубива а на другиот, синот тешко се разболил.Овoj настан го знаат многу жители на Костур и околината. Во чест и слава на селото една улица во населба Автокоманда, Општина Гази Баба, во Скопје е именувана по селото В`мбел. Киниса да ода о В'мбел на гости Киниса да ода, о В'мбел на гости. Ојду дур де ојду, до белата чешма. Седна да почина, вода да с'напија. Аберо ми дојде: „Врни се невесто“. Момчето ти дојде, дома не те најде. Туку ми те најде у мајка на гости. Пљусна бели р'ци, п'лни бележици. Леле јаска ж'лна: кој ќе му ја дади белата промена? Кој ќе му ја дади белата промена, со севда правена? Нека му ја дади, Зоња Кољовица и јатрва Кираца. Забелешка: В'мбел е поранешно македонско село во Егејска Македонија, кое се наоѓа непосредно до албанско - грчката граница, на 1.5km северо-западно од селото Смрдеш (денешно Кристалопиги). Селото е комплетно разурнато за време на Граѓанската Војна во Грција (1946 - 1949). Песната во видео записот е на Ристана Николова - Рина. / nikola.mladenov.70 @nikola.mladenov.70