У нас вы можете посмотреть бесплатно Brza torta od banani | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Името кажува се во однос на подготовката и вкусот, ние ќе дополниме само дека има и лешници. А, во однос на формата и декорацијата бидете сигурни дека ќе им се допадне и на возрасните, а особено на децата. Значи за родендени или детски забави – како измислена. Brza torta od banani БРЗА ТОРТА ОД БАНАНИ 1 кг банани 250 г маргарин 250 г шеќер во прав 300 г мелени бисквити 350 г мелени лешници 100 г чоколада за готвење ½ лажица масло за јадење 400 мл слатка павлака Потребно време за подготовка на овој десерт е 30–тина минути. Во длабок сад ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест. Бананите ги лупиме, ги сечкаме на кругови и ги додаваме во садот. Матиме со миксерот додека маргаринот и бананите не се соединат. Потоа ги додаваме мелените бисквити и 300 г мелени лешници. На крупната страна од рендето во садот рендаме 40 г од чоколадата за готвење. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме на долниот дел од правоаголна кутија за торта и со раце ја обликуваме во форма на ролат со еден зашилен крај. Во тенџере на оган ги ставаме маслото и преостанатата чоколада, искршена на парчиња. Мешаме со лажица и откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Со готварска четка со растопена чоколада го премачкуваме шпицот на зашилениот дел на ролатот. Потоа во должина од 10-тина см на зашилениот дел наросуваме со преостанатите мелени лешници. Слатката павлака ја ставаме во длабок сад и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина. Ја ставаме во слаткарска кеса и го прекриваме целиот рамен дел на ролатот. Преостанатата растопена чоколада ја ставаме во фишек од хартија и ја декорираме Брзата торта од банини. Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino