У нас вы можете посмотреть бесплатно Pileski gradi vo slanina | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
ПИЛЕШКИ ГРАДИ ВО СЛАНИНА за 4 лица 4 парчиња пилешки гради 12 ленти чадена сланина 500 г зелени пиперки 1 главица кромид 1 лута везена црвена пиперка 175 мл бело вино 5 лажици путер 1 врзоп жалфија 2 чешниња лук 2 лажици мед 2 лажици јаболков оцет 1 лажица густин 1 пилешка коцка за супа 1 кафена лажица шеќер Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 – тина минути. Пилешките гради ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. На секое парче пилешки гради ставаме по неколку листови жалфија и ги свиткуваме во по три ленти чадена сланина. Потоа ги пржиме на две лажици растопен путер во тава на оган додека пилешките гради во сланина не поруменат од двете страни. Ситно ги сечкаме главицата кромид, везената пиперка и чешнињата лук, и ги додаваме во тавата. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и додаваме 100 мл бело вино. Откако течноста ќе испари, а месото ќе се издинста ги вадиме пилешките гради во сланина од тавата и ги ставаме на чинија. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Зелените пиперки ги сечкаме на кругови и ги пржиме на преостанатите три лажици растопен путер во друга тава на оган. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме шеќерот. Запржените пиперки ги додаваме во тавата од која ги извадивме пилешките гради. Потоа ги додаваме преостанатите 75 мл вино, оцетот, медот и супата од коцка. Густинот го размешуваме со 70 мл вода и го додаваме во тавата. Динстаме 10-тина минути, за сосот да ја добие потребната густина и ја тргаме тавата од оган. Пилешките гради во сланина ги сечеме на парчиња и ги ставаме на чинија за сервирање. До нив го сервираме сосот со зеленчук и декорираме со ситно сечкан магдонос. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. www.hranaivino.com.mk www.hranaivino.tv Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino