У нас вы можете посмотреть бесплатно Природа на продажба или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
English version: • Nature for Sale Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен – македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја -особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите. Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка до 30%. Во студијата, 5 од 7 локации означени како дом на Сивката докажано е дека се претворени во каменоломи за мермер. Но, има уште еден, помалку видлив, непријател на оваа ретка пеперутка. За изненадување, доаѓа во форма на пријател - љубител на пеперутки. Посетителите кои на лето минуваат низ Плетвар, се воодушевуваат на природата и ја фотографираат - сепак, неретко ја ловат македонската сивка а потоа, во форма на препариран трофеј, ја поставуваат на интернет за продажба. Во неколку европски земји има трговски друштва - домаќини на веб-страници на кои може да се купи примерок од една од најретките и најзагрозените пеперутки во Европа - за само околу 30 евра. Тимот на Дома, заедно со соработниците од DW Europe, ги нарача овие примероци преку интернет и лабораториски го процени времето на нивното заловување. Во 2011 година, сивката станува заштитена со закон во Македонија, со што се забранува нејзиниот лов, шверц и продажба. Сепак, овој закон - не се почитува. Истражувањето за кој е одговорен за кршењето на овој закон и зошто на Европските пазари за инсекти продажбата на овој заштитен вид е неказнета - е основа на филмот „Природа на продажба“. Целиот проект е финансиран од European Journalism Fund.