У нас вы можете посмотреть бесплатно Илиана и Ѓорѓи - Хрчаче или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Ова е вистинска приказна за две хрчачиња по име Сивко и Белка, кои цело време слободно си шетаа и се криеа во куќата. Но, постоеше опасност да излезат надвор , а таму едно гладно маче чекаше да ги лапне.... Исполнуваат - Илиана Нушева и Ѓорѓи Нушев музика, текст и аранжман - Влатко Нушев видео - Владимир Митевски - Ѓуле Голема благодарност до мама Зорица за поддршката. За Ивица Јанкуловски кој помогна со снимање на вокалите, за Александар Краповски кој ја свири виолината, за другарите од маало кои го снимија хорчето, за „Палавковци“ кои ни ги позајмија хрчачињата кои ги глумеа Сивко и Белка, бидејќи Белка беше стара баба а дедо Сивкоо си замина на небото. И за сите деца и нивните родители кои што дојдоа на снимањето на видеото. Нека биде радост УЖИВАЈТЕ Х-Р-ЧАЧЕ ХРЧАЧЕ Имам едно глувченце. Или можеби се две. Кај се скриле? Што ги нема? Леле се изгубиле! Едно Сивко, друго Белка. Сложни се ко панделка. Арно ама, таму надвор, чека едно маче гладно. Хрчаче, хрчаче, пази се од тоа гладно маче! Хрчаче, хрчаче, ние тебе ќе те спасиме. Зошто така седите? Ајде бргу станете! Треба да ги најдеме. Да бараме! Да бараме! Така ќе успееме. Сивко и Белка тие се. Хрчаче, хрчаче, пази се од тоа гладно маче! Хрчаче, хрчаче, ние тебе ќе те спасиме. Хрчаче, хрчаче, пази се од тоа гладно маче! Хрчаче, хрчаче, ти си мое другарче. Кај чешмата. Зад дрвото. Или под масата. Близу до оградата. Леле, на улицата! Можеби кај цвеќето. Таму под каменот. Да бараме, да бараме! Ене ги, во тревата! Хрчаче, хрчаче, еве сум ти подавам раче! Хрчаче, хрчаче, ти си мое другарче. Да играме, да другаруваме! Сите сложно да пееме! Х-Р-ЧАЧЕ.