У нас вы можете посмотреть бесплатно Pilesko vo lisnato testo | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Наполнето со фил од испржени шампињони, целер и лук. А, кога ќе го послужите прелиено со сос од бело вино, сенф и кисела павлака единствено што може да очекувате е – вистинско уживање. Pilesko vo lisnato testo ПИЛЕШКО ВО ЛИСНАТО ТЕСТО за 4 лица 4 парчиња пилешки гради ( по 200 г) 500 г лиснато тесто 250 г свежи шампињони 3 гранчиња целер 2 чешниња лук 1 јајце 30 г сусам 200 мл кисела павлака 150 мл бело вино 1 лажица сенф масло за јадење Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова јадење е 60 – тина минути. Шампињоните ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Гранчињата целер и чешнињата лук ситно ги сечкаме. Ги додаваме во тавата со запржените шампињони и го пржиме филот додека течноста не испари. Пилешките гради ги засекуваме на половина по должина, формирајќи џебови. Ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Џебовите на пилешките гради ги полниме со подготвениот фил. На набрашнета работна маса од двете парчиња лиснато тесто со сукалка развлакуваме правоаголни кори и ги сечеме на по 10 ленти по должина. Со готварска четка ги премачкуваме лентите со масло. Полнетите пилешки гради ги облепуваме со по 5 ленти лиснато тесто и ги ставаме во тава за печење, обложена со хартија. Во чинија го кршиме јајцето и го матиме со виљушка. Со готварска четка ги премачуваме лентите лиснато тесто со изматено јајце и наросуваме сусам. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 220 степени и ја вадиме од рерна. Парчињата пилешко во лиснато тесто накосо ги сечеме на половина. Во тенџере на оган го ставаме виното да зоврие. Го додаваме сенфот и мешаме со жица. Откако алкохолот ќе испари ја додаваме киселата павлака и мешаме со жицата додека сосот не ја добие потребната густина. Чинијата за сервирање ја украсуваме со сечкани листови марула. Скалесто и во круг ги редиме парчињата Пилешко во лиснато тесто и ги преливаме со сосот. Декорираме со кришки домат. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. Hrana i Vino MKD Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino