У нас вы можете посмотреть бесплатно Житие на светиот Јован Дебранин - Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската свештена обител или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Во ова видео се пренесува житието на светиот и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската свештена обител на Чесниот Претеча и Крстител (†1037). Преку црковното предание и историските сведоштва се открива светлиот лик на овој голем подвижник и архипастир од XI век – монах, пустиножител, игумен, архиепископ и духовен отец на целиот народ. Се говори за неговиот строг подвижнички живот на Бистра Планина, за чудото со самопридојдената икона на свети Јован Крстител и за поставувањето на темелите на Бигорската свештена обител како вековен светилник на молитва и покајание. Посебно се осветлува неговата архипастирска мисија по востановувањето на Охридската Архиепископија, неговата грижа за словенската писменост и просвета, како и духовната помош што ѝ ја давал на младата Црква во Киевска Рус. Свети Јован Дебранин останува почитуван како столб на Охридската Архиепископија, како тивок пустиножител и како вечен молитвен застапник на Бигорската обител и на мијачко-реканскиот крај. 🕊 Неговиот сечесен спомен се празнува на 30 август (стар стил) / 12 септември (нов стил). По неговите свети молитви, нека нѐ укрепи Господ на патот на верата, покајанието и љубовта. Амин. 🎙️ Наратор: Кристијан Танчевски