У нас вы можете посмотреть бесплатно Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал ќе ја затворел или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година денс е на разгледување пред пратениците на македонското собрание. Интерпелацијата која ја поднесе пратеничката група на Левица, пред народните избраници ја образложи пратеникот Сашко Јанчев кој истакна дека за „некадарноста на министерот Тошковски од аспект на неговите карактерни особини, доволно говори фактот што тој досега не ни помисли да понуди оставка од морални причини, нешто што го правеле претходни македонски министри во слични ситуации кога сме имале вакви хаварии“. Интерпелацијата е поднесена зашто министерот Тошковски несоодветно ја извршувал својата функција, дејствувајќи непрофесионално, бескрупулозно и неодговорно, што довело до низа незаконски дејствија, скандали и кадровски трансфери во Министерството за внатрешни работи. Интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани, а останатите пет се промашувања и непрофесионални дејства кои не се поврзани со Кочани. -Интерпелацијата првенствено ја поднесуваме заради немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изричито законска обврска на МВР. Настанот во Кочани резултираше со повеќе од шеесет починати и двеста повредени и истиот на површина изнесе недозволливи и сериозни системски пропусти од страна на институциите и органите (МВР, ДПИ, УЈП, Дирекција за заштита и спасување, локални власти, инспекциски органи, републички и општински, биро за јавна безбедност, полициски станици и други) кои имаат законска надлежност да го регулираат, надгледуваат и контролираат работењето на угостителски објекти од таков тип. особено во однос на безбедноста на јавните настапи и настани и употребата на пиротехнички средства. Сите овие се задолжени да вршат редовни контроли, да издаваат потребни дозволи, да ги регулираат условите за безбедноста и да преземаат мерки за спречување на злоупотреби. Дискотекава без мака си работи тринаесет години, притоа без да исполнува минимум услови за да работи и тоа е доказ за институционалниот башибозук кој го создадовте сите вие со партизацијата на институциите за време на вашите владеења и шурувањето со секакви локални битанги поради болно властољубие, вклучувајќи ја и партијата која сега е на власт, а која сега глуми спасител и стабилизатор, истакна Јанчев. Според Левица МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир, плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласност и бучавост, на присуство на малолетници после полноќ, на точење алкохол и употреба на наркотички супстанции. „Ништо од ова не е завршено. Да беше завршено, дискотеката немаше да постои“, рече Јанчев. Дополнителен аргумент, како што истакна Јанчев, за одговорност на Тошковски е фалсификат лиценцата која е од време на неговото министерување. -Особено сомнителен е моментот што во истрагата се вклучени речиси сите бивши функционери од Министерство за економија, Државен пазарен инспекторат и други органи, но симптоматично не се вклучени актуелните носители на функции од овие институции, вклучувајќи ги и одговорните лица од МВР, со исклучок на бившиот градоначалник на Кочани. Сите они не презеле навремени соодветни мерки и пропуштиле да истражат и санкционираат неправилности во работењето на дискотеката. Конкретно ова се однесува на одговорните лица во ОВР Кочани, СВР Штип и Бирото за јавна безбедност. Во јавноста протекаа информации за пријави за нарушување на јавниот ред и мир од страна на дискотеката Пулс, доставени до ОВР Кочани и СВР Штип. По нив не е постапено, што е спротивно на законот за полицијата, рече Јанчев.