У нас вы можете посмотреть бесплатно Крива Паланка - подготовка на храна во подница под вршник или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Мај, 2013 год. с.Градец, Крива Паланка Подготовка на храна во подница(земјен глинен сад), под вршник. Подготовка на храна во подница, под вршник е вредност од минатото која се пренесува со генерации. Самиот чин на подготвување храна во овој глинен сад бара трпеливост, но од друга страна причинува задоволство. Што е подница? Подница е плиток земјен сад (глинен) за чија изработка, според кажувањата на постарите од кривопаланечкиот крај, се ангажираат исклучиво жени.Тие глинената земја ја замесуваат со вода,додаваат одредена количина слама и во текот на една недела, време потребно за изработка, секојдневно ја премесуваат се додека таа не биде подготвена да се обликува. Од подготвената смеса жените обликуваат плитки садови во форма на тепсија. Бидејќи за изработка на еден ваков сад е потребно време и труд, обично се изработуваат од десет до петнаесет парчиња. Вака подготвените подници се сушат на сонце. Постои верување дека направените подници не се продаваат, тие се подаруваат. Подготовка на леб во подница Од брашно, вода и квасец замесуваме тесто за леб и го оставаме настрана, да стаса. Во меѓувреме од ситни гранки и сечени дрва разгоруваме оган кој се остава да прегори за да се создаде доволно жар потребен за затоплување на подницата. Врз жарот го поставуваме металниот држач наречен саџак,на кој внимателно ја поставуваме подницата за да се загрее. Во загреаната подница полека го сместуваме надојденото тесто и садот го покриваме со вршникот.Над вршникот нанесуваме топол пепел и жар кој ќе шири топлина од горната страна. Времето за печење не е точно определено, се зависи од топлината која сме ја постигнале во моментот кога подницата е поставена на жарот. Затоа го пратиме процесот на печење со внимателно подигнување на вршникот. Оваа стара традиција на подготовка на леб изискува време и труд, но вкусот е незаменлив. Покрај леб во подница под вршник може да се пече баница и месо. Музичка подлога: Brandenburg Concerto No4-1 BWV1049 - Classical Whimsical/Kevin MacLeod/Класична