У нас вы можете посмотреть бесплатно Круме Спасовски - Песна за Лазо Војвода или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Лазар Велков Тодев (1880 – 22 септември 1924) познат како Дивљанец или Дивљански, е македонски револуционер и војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација. Роден е во скопското село Дивље. По професија е ѕидар. Влегува во Внатрешната македонска револуционерна организација во 1896 година, го предводи селскиот комитет во Дивље и врши курирски задачи. Во 1906 година е уапсен од властите и осуден на 15 години затвор. По Младотурската револуција во 1908 година е амнестиран. По 1910 година станува војвода на обновената ВМРО во Скопско. За време на Балканската војна во 1912 година Велков дејствува со четата во Скопско. По Меѓусојузничката војна во 1913 година е уапсен од новите српски власти во Вардарска Македонија и фрлен во затвор во Белград. Во 1914 година успева да избега и во 1915 година се вклучува во чета, упаднале во Кумановско. Потоа дејствува со чета во своето родно Скопско. По Првата светска војна се вклучува во работата на обновена од Тодор Александров ВМРО и повторно станува војвода на чета во Скопско. Негов секретар во 1924 година е Петар Станчев. Лазар Велков е тешко повреден во 1924 година во борба со српските војски во месноста Островица и се самоубива. Тогашните окупатори (СХС) за да го пронајдат Лазар Велков измачувале и гореле четири жени од Скопска Сушица и Дивље сметајќи оти жените полесно ќе го издадат, но македонските жени не потклекнале и не ја предале четата на Лазар Велков. Слава му на Лазар Велков и на храбрите македонски жени од Сушица и Дивље.