У нас вы можете посмотреть бесплатно Пендаровски со безмилосно остри дијагнози за состојбите во земјата (3 дел) или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
ЦИВИЛ го објавува третиот и последен дел од ексклузивното интервју со проф. д-р Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија и еден од најискусните аналитичари за безбедност, разузнавање и геополитика во регионот и пошироко. И во овој дел, нашиот соговорник продолжува со својата директна и безмилосно остра, а истовремено аргументирана и прецизна дијагноза за состојбите во нашата земја и пошироко, особено во домените на безбедноста и одбраната, институционалниот капацитет, но и за политичката волја на структурите што креираат политики и правецот во кој ја водат државата. ------------------ Прв дел од интервјуто: • ЕКСКЛУЗИВНО! Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Мак... Втор дел од интервјуто: • Србија не нè турка во „српскиот свет“, наш... ------------------ Пендаровски предупредува дека Македонија мора цврсто да остане закотвена во западниот безбедносен и политички систем, бидејќи сите „алтернативи“ – неутралност, БРИКС или дистанцирање од ЕУ – се опасни и неосновани. Тој критикува дел од актуелните политички елити поради недоволна политичка волја да ги препознаат и сузбијат хибридните закани, како и поради погрешните и непромислени изјави кои внесуваат забуна кај јавноста. Нашиот соговорник високо ги оцени професионалните капацитети на клучните институции во државата. Но, иако службите имаат обучени професионалци, што е еден од позитивните резултати од членството во НАТО последните години, Пендаровски смета дека недостига стратешка политичка решителност да се искористат тие капацитети. Особено загрижувачки, вели тој, е што половина од етничките Македонци не ја препознаваат Русија како агресор, што е показател за политички неуспех во објаснувањето на основната суштина на конфликтот. ------------------ Транскрипција на првиот дел: https://civilmedia.mk/prof-d-r-pendar... Транскрипција на вториот дел: https://civilmedia.mk/prof-d-r-pendar... ------------------ Тој предупредува и на клучните општествени „столбови“ – политиката, медиумите, бизнис-елитите и црквата – кои во моментов рефлектираат колебливост, па и погрешни наративи, со што вршат директно негативно влијание врз стабилноста на државата. Како најважна долгорочна инвестиција Пендаровски ја посочува образовната реформа, односно потребата – од најмала возраст, вклучувајќи граѓанско воспитување – развивање на способноста за препознавање на дезинформациите и лажните наративи. Без функционално образование, додава тој, државата не може да изгради стабилни институции, ниту да издржи во услови на хибридни закани. ------------------ Вистинските приказни никој друг нема да ги раскаже. Кликни Subscribe. Следи нè и биди чекор пред пропагандата. ------------------ На безбедноста и одбраната, пак, гледа како на „последна брана“ — важна, но недоволна ако не се гради свесен, информиран и демократски ориентиран граѓанин. Пендаровски верува дека руската агресија врз Украина, наместо да ја ослабне, ја сплотила Европската Унија повеќе од кога било. Според него, во споредба со пред една деценија, ЕУ денес има поголема координација и блискост во безбедносната и надворешната политика, што е позитивен сигнал особено за малите држави-членки на НАТО. 🎙️ Автор: Џабир Дерала 🎬 Камера и монтажа: Ариан Мехмети 📼 Фотографија: Биљана Јордановска 🎥 Продукција: ЦИВИЛ Медиа Повеќе: ЧИТАЈТЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА: https://civilmedia.mk/category/forum/... ГРАЃАНСКА АКЦИЈА: https://civilmedia.mk/category/akzia/