У нас вы можете посмотреть бесплатно Village Pcinja-Kumanovo, Macedonia(Mini 2 DJI 4K Video) или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
English name:Pchinja, Pcinja Macedonian name:Пчиња, Pčinja GPS Coordinates:Latitude: 42° 2' 25.44" N Longitude: 21° 45' 13.48" E Area phone code:031 Postal code:1323 Car plates:KU Time zone: Summer (DST)CET (UTC+01:00) CEST (UTC+02:00) Population:793 - 2002 census Селото датира од пред 14 век. Пчиња за време на владеењето на Османлиите, припаѓало во тимарот на Хусеин-Солак од Скопје, во состав на Нагоричанска нахија - Ќустендилски санџак. Во турскиот дефтер од 16 век селото се спомнува под името ''Ипшиња'' и во него има 55семејства и 52 неженети жители, односно во селото Пчиња во тоа време имало околу 205 жители, но точниот број не може да се утврди, земајќи предвид дека во тој период женските лица не се попишувале на попис. Селото Пчиња пред 19 век било распространето на левиот брег на реката Пчиња, а во 1912 година се преселуваат и на десната страна од брегот на реката. Старото село се наоѓало во месноста наречена Црквиште на запад од сегашното село Пчиња, но од првите најстари куќи нема никакви траги, бидејќи истите биле градени од слаб материјал и покриени со слама и трска и повеќе личеле на колиби со по една соба која се викала огниште во кои живееле луѓето а во истата се чувал и добитокот. Исто така во таа просторија се чувала и храната. Во месноста Црквиште се наоѓаат остатоци од ќерамиди и друг материјал од глина. Преданието вели дека од населбата која била блиску до патот населението избегало и се засолнило во долниот дел од клисурата на реката Пчиња во трњак и пустињак поради големиот зулум кој правеле турските војници, заптии, башибозуци, качаци и разни други одметници. Еден дел од сегашното село после 1912 година се преселило повторно од десната страна на селото, познато како Прекуречани. Најстара градба во селото е црквата „Света Богородица“ изградена 1869 година. На 23 март 1895 една половина од селото изгорело во пожар во кој изгореле 25 куќи и амбари со жито. Овој запис е изваден од Цариградски гласник од 1 април 1985 година. Најстари фамилии кој се помнат во селото Пчиња се: Пешеви, Рисјанови, Дојчинови, Новакови, Баратлинци, Велкови и Николеви. Подоцна во селото се доселуваат Ангелови (се доселиле од селото Бислим), Исповедници, Бабаматини кој се дел од Исповедници, Брњарци доселени од село Брњарци - Скопско, Босневи од Босна, Кичкови од Кичево, Мавреви од Маврово, Винчани од селото Винце, Маравци река Морава а најдоцна се доселиле Сушичани од селото Сушице - Скопско во 1936 год. Во 1935 година бил изграден дрвен мост. Во 1938 година е обновен дрвениот мост со бетонски столбови но повторна реконструкција е направена во 1940/1941 година се до 1972 овој мост се употребувал. За време на Втората светска војна било вклучено и селото Пчиња со свои војници, а и со свои жртви. Најмногу жртви имало во 1944. Од 10 ноември до 22 декември 1972 траела изградбата на сегашниот бетонски мост на реката Пчиња која го поврзува селото. Градежните работи ги извеле тогашната Југословенска народна армија. Во 1975 година е изградена првата амбуланта во с.Пчиња. Во 1995 е изградена и поштата, а истата е дадена во употреба на 11 ноември 1995 година.