У нас вы можете посмотреть бесплатно Telesko pecenje polneto so spanak | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
ТЕЛЕШКО ПЕЧЕЊЕ ПОЛНЕТО СО СПАНАЌ Телешко месо маринирано во маслиново масло со сок и кора од лимон, и мајчина душичка, и мислевте – испечено. Е, па, не е, филувано е со спанаќ со сланина и јајце, па ролувано. Единствена мана може да биде цената, но и ако телешкото го замените со свинско месо нема да погрешите. Telesko pecenje polneto so spanak ТЕЛЕШКО ПЕЧЕЊЕ ПОЛНЕТО СО СПАНАЌ 1,2 кг телешка кртина 300 г исчистен спанаќ 150 г чадена сланина 60 г лебни трошки 1 јајце 1лимон 2 гранчиња сува мајчина душичка 50 г кромид 30 г путер 150 мл бело вино 1 говедска коцка за супа маслиново масло Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова јадење е 2 часа. На ситната страна од рендето во длабок сад ја рендаме кората од лимон. Го цедиме лимонот во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во садот. Мајчината душичка ја рониме со раце, па и неа ја додаваме во садот. Додаваме 4-5 лажици маслиново масло. Потоа во садот го ставаме телешкото месо и оставаме да отстои 24 часа во маринадата. Кромидот ситно го сечкаме и го пржиме на растопениот путер во тенџере на оган. Спанаќот ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. Сланината ја сечкаме на коцки, па и неа ја додаваме во тенџерето. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако и сланината ќе се запржи го тргаме тенџерето од оган. Во подизладената содржина ги додаваме лебните трошки. Јајцето го кршиме, го додаваме во тенџерето и го промешуваме филот со лажица. Во друго тенџере со 300 мл вода на оган ги додаваме белото вино и коцката за супа. Откако супата ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Месото го вадиме од садот со маринадата и го засекуваме на повеќе места, за да добиеме рамна површина за ролување. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го нанесуваме подготвениот фил, виткаме ролат и го зацврстуваме со готварски конец. Ролатот го ставаме во тава за печење и прво го преливаме со маринадата, а потоа со супата со вино. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 90- тина минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Испечениот ролат го вадиме од тавата, го отстрануваме конецот и го сечеме ролатот на парчиња. На едната страна на чинија за сервирање скалесто ги редиме парчињата Телешко печење полнето со спанаќ. До нив сервираме главички претходно обарен прокељ и декоративно исечени кругови варени моркови. Преливаме со сосот од тавата за печење и декорираме со гранче копар. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени. Добар апетит. Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino