У нас вы можете посмотреть бесплатно Божиќни колачиња или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
Линцер колачиња Потребни состојки: 150 г омекнат путер 1 пакетче ванилин шеќер 70 г шеќер во прав Прстофат сол Прстофат цимет 150 г брашно 150 г мелени бадеми 1 јајце 1 лажичка ликер од вишна или вода Начин на подготовка: За да ги подготвите овие колачиња, во длабок сад со помош на шпатула измешајте ги путерот, ванилата и шеќерот во прав. Додајте го јајцето и промешајте додека целата смеса не се соедини. Додајте ги брашното, мелените бадеми, солта и циметот. Додајте го ликерот од вишна или водата и промешајте ја целата смеса додека не добиете соединето тесто. Привиткајте го тестото во хартија за свежа храна и оставете го во ладилник да се стегне преку ноќ. На лесно набрашнете површина расукајте го тестото во кора тенка 3 мм. Со помош на поголеми и помали калапи за колачиња исечете парчиња од тестото и префрлете во тавче обложено со хартија за печење. Оставете ги колачињата 10 минути на ладно место да се стегнат, а потоа печете ги во загреана рерна на 160 степени околу 15 минути или додека краевите на секое колаче не започне да добива златна боја. Оставете комплетно да се изладат и на секое целосно колаче нанесете од филот. Можете да користите било каков џем по желба или пак чоколаден крем. Јас денеска се одличив да користам џем од кајсија. Оние колачиња кои се направени со помали калапи за колачи, декорирајте ги со шеќер во прав, а потоа поклопете го секое колаче премачкано со џем. Послужете ги овие колачиња за време на празниците и уживајте во нивниот елегантен вкус со вашата омилена шолја кафе или чај. Колачиња со чоколадни парчиња Потребни состојки: 180 г омекнат путер 150 г кафеав шеќер 60 г шеќер 1 јајце + 1 жолчка 1 лажичка екстракт од ванила 210 г брашно ¾ лажичка сода бикарбона Прстофат сол 200 г чоколадни капки Кристали сол за колачи, опционално Начин на подготовка: Во тава на оган растопете го путерот и гответе го околу 10 минути додека комплетно не потемни. Ова е исклучително важно за да добиете поубав вкус на вашите колачиња. Кафениот путер оставете да се излади во сад за матење. Потоа, додајте ги кафениот шеќер, кристал шеќерот, јајцето, жолчката и ванилата. Промешајте додека целата смеса комплетно не се соедини, а потоа додајте го брашното, содата и прстофат сол. Со помош на шпатула внимателно промешајте и додајте ги чоколадните капки. Промешајте додека целата смеса комплетно не се соедини. Бидете внимателни да не ја премешате смесата. Вака добиената смеса ставете ја во ладилник да се стегне околу 30-40 минути или преку ноќ. Со помош на алатка за сладолед оформете ги колачињата и нанесете ги во тавче обложено со хартија за печење оставајќи место едно од друго, бидејќи при печењето ќе се рашират. Доколку сакате, на некои од колачињата ставете од кристалите сол за колачиња за уште по префинет вкус. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 10-12 минути. Готови се тогаш кога краевите на секое колаче ќе започне да добива кафеава боја. Оставете да се изладат околу 20 минути и послужете. Одлични се со шолја млеко или пак да се засладите во текот на денот кога копнеете по нешто благо. Колачиња со ѓумбир Потребни состојки: 180 г брашно ½ лажичка сода бикарбона 1 ½ лажичка мелен ѓумбир 1 лажичка цимет 120 г путер, омекнат 1 кесичка пудинг од чоколадо 60 г кафен шеќер 1 јајце 1 лажичка екстракт од ванила или 1 кесичка ванилин шеќер За глазурата: 1 белка 200-250 г шеќер во прав Прехрамбени бои Начин на подготовка: Во длабок сад ставете ги брашното, содата, мелениот ѓумбир и циметот. Промешајте и оставете на страна. Во друг длабок сад ставете ги путерот, прашокот за пудинг и шеќерот. Матете со помош на миксер додека комплетно не добиете пенеста смеса. Додајте го јајцето и ванилата и изматете додека не се соедини смесата. Додајте ги сувите состојки и промешајте додека не се соедини целата смеса во меко тесто. Префрлете го тестото за колачиња во хартија за свежа храна и оставете во ладилник да се стегне околу 1 час. На набрашнете површина расукајте го тестото тенко 3 мм и со помош на калапчиња оформете ги колачињата. Префрлете ги колачињата во тавче обложено со хартија за печење и печете во загреана рерна на 190 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат. За да ја подготвите глазурата во сад соединете ги шеќерот во прав, белката. Добро промешајте додека не се соедини целата смеса. Поделете ја смесата во неколку садови колку што планирате да направите различни бои од истата. Во секој од садовите додајте од прехрамбената боја и промешајте. Конзистенцијата потребно е да биде како лава, да не биде многу ретка, но не и многу густа. Префрлете во кесички за шлаг и декорирајте ги колачињата по ваша желба. Колачињата потребно е да ги оставите да се исушат комплетно пред да ги јадете. Сега кога имате три различни рецепти за новогодишни колачиња, Ве охрабрувам да испробате некој од нив и да ми испратите фотографии од вашите креации. Следете го мојот YouTube канал и уживајте во готвењето.