У нас вы можете посмотреть бесплатно Elbasan tava so pilesko | Hrana i Vino MKD или скачать в максимальном доступном качестве, видео которое было загружено на ютуб. Для загрузки выберите вариант из формы ниже:
Если кнопки скачивания не
загрузились
НАЖМИТЕ ЗДЕСЬ или обновите страницу
Если возникают проблемы со скачиванием видео, пожалуйста напишите в поддержку по адресу внизу
страницы.
Спасибо за использование сервиса ClipSaver.ru
ЕЛБАСАН ТАВА СО ПИЛЕШКО за 4 лица 4 пилешки копани 300 г маринирани шампињони 150 г моркови 100 г кромид 100 г црни маслинки 3 јајца 200 мл кисела павлака 200 г кашкавал масло за јадење Хималајска сол и црн пипер Потребно време за подготовка на ова јадење е 80 – тина минути. Во тенџере со посолена зовриена вода на оган ги вариме копаните. Го тргаме тенџерето од оган, ги вадиме копаните од тенџерето и ги ставаме на чинија. Им ги отстрануваме коските, а месото го сечкаме на поголеми парчиња. Ги ставаме во огноотпорен сад, намрсен со масло. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Морковите ги сечкаме на коцки, а маслинките на парчиња, притоа отстранувајќи им ги семките. Ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во тавата со запржените моркови и маслинки. Додаваме и 300 мл од водата во која се вареа копаните. Откако содржината во тавата ќе зоврие ја нанесуваме на парчињата пилешко во огноотпорниот сад. Во длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Ги додаваме киселата павлака и 200 мл од водата во која се вареа копаните. Мешаме со жицата додека смесата не се соедини и ја преливаме содржината во огноотпорниот сад. Кашкавалот го сечкаме на тенки парчиња, ги редиме во садот и го ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. На чинија за сервирање ставаме од Елбасан тавата со пилешко. Декорираме со листови марула, гранчиња копар и шери домати. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит. Овој рецепт се наоѓа во списанието Храна и вино бр. 150, од Март 2017 год. Subscribe for upcoming recipes: / @hranaivinomkd Follow us: Facebook: / hranaivino